Најстариот тест за бременост во светот, всушност бил точен

Сподели со своите пријатели

Имаме многу повеќе заедничко со луѓето од античките цивилизации отколку што можеме да замислиме. На пример, за една жена било исто толку корисно да знае пред 3.500 години дали е бремена или не, како што е денес – и старите Египќани имале сигурен тест.

Loading...

Според некои необјавени антички египетски медицински текстови во колекцијата „Папирус Карлсберг“ на Универзитетот во Копенхаген во Данска, она што го користеле старите Египќани за тестирање за бременост биле јачменот и пченицата, пишува 24сата.

 

 

Според текстот на папирус од околу 1400 година п.н.е., за да може жената да утврди дали е бремена или не, се што требало да направи е да уринира во две различни кеси – едната исполнета со јачмен, а другата со пченица.

Ако зрното од која било вреќа никнело по мокрењето на неа, жената дефинитивно била бремена и можела да почне да планира соодветно.

За да го дознае полот на новороденчето, жената едноставно морала да почека и да види која житарка прва ќе никне. Ако прв никне јачменот, детето би било момче, а ако прва никнала пченицата, тоа би било знак дека жената носи девојче.

Loading...

Според Националниот институт за здравје, студија спроведена во 1963 година покажала дека овој метод за одредување бременост е точен во околу 70 проценти од случаите. Но, методот за одредување на полот се покажал како неуспешен.

 

 

Современите тестови за бременост се потпираат на протеини кои можат да го детектираат хормонот наречен човечки хорионски гонадотропин (hCG), но научниците претпоставуваат дека овој древен тест функционирал толку добро бидејќи покаченото ниво на естроген во урината на жената може да предизвика раст на семето.

Истражувачите кои моментално ги проучуваат папирусите од колекцијата Карлсберг откриле дека медицинските податоци откриени во древниот Египет не исчезнале кога изгорела библиотеката во Александрија – дотогаш тие веќе навлегле низ целиот африкански континент и други делови од светот.

 

https://youtu.be/hNFL3qEzMnU

Loading...