Најскапиот сапун во светот е направен од злато и дијамантски прав – чини премногу! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една мала семејна фабрика која произведува сапун од 15 век започна со продажба и производство на најскапиот сапун во светот.

Loading...

Цената на овој најскап луксузен сапун во светот е 2.800 долари.

Рачно изработениот бренд за сапуни Кан Ал Сабун, создаден од Bader Hassen & Sons, фабрика за сапуни во Триполи, Либан, произведува различни луксузни сапуни и производи за нега на кожата кои содржат есенцијални масла и природни мириси.

Овие луксузни сапуни се продаваат во некои од најексклузивните продавници во Дубаи и ОАЕ, но нивниот најскап производ им се нуди само на специјални гости и важни личности.

Златен сапун

Првпат направен во 2013 година, како уникатен подарок на првата дама на Катар, најскапиот сапун во светот содржи злато и дијамантски прав и наводно чини 2.800 долари.

Уште во 2015 година, кога БиБиСи прв го претстави најскапиот сапун во светот, беше објавено дека станува збор за луксузен производ со груба текстура поради дијамант и златен прав, но Амир Хасен рече дека тоа не и штети на кожата и го опиша како задоволство за сетилата.

– Овој вид сапун го претвора вашето туширање од дневна рутина во задоволство. Не само што е најскапиот сапун на светот, бидејќи е направен само од злато и дијаманти, тој навистина е нешто посебно, има психолошко и духовно влијание врз некоја личност – рече Хасен.

Loading...

Според Ал-Аин, најскапиот сапун во светот содржи 17 грама 24-каратно злато, неколку грама дијамантски прав, чисто маслиново масло, органски мед и урми.

Останува нејасно дали се нуди само на одредени луѓе или може да го нарача било кој.