Најмалку 27 загинати и 147 ранети во експлозијата во Пакистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 27 лица загинаа, а 147 лица се ранети во денешниот напад на бомбаш самоубиец во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопштија властите.

Loading...

Напаѓачот, облечен во елек исполнет со експлозив, ја активирал направата за време на молитвата, на која присуствувале околу 200 луѓе.

Како што пренесува АП, повеќето од загинатите и ранетите се полицајци бидејќи џамијата е дел од комплексот, кој се користи и како седиште на градската полиција.

Полицискиот комплекс се наоѓа во зоната со висока безбедност во Пешавар, заедно со неколку владини згради, а не е јасно како бомбашот успеал неоткриен да влезе во зоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика за оружје во Велика Британија

Засега никој не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад, изјави висок претставник на полицијата во Пешавар, Садик Кан.

За слични самоубиствени напади во минатото беа обвинети пакистанските талибанци.

Полициски претставници изјавија дека дел од зградата се урнал и се верува дека луѓето се уште се заробени во урнатините, објави Ројтерс.

Спасувачите се обидуваат да стигнат до верниците кои се уште се заробени под урнатините, соопшти полицијата.

Loading...

Голем број ранети, кои се префрлени во болница се во критична состојба. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го осуди нападот и им нареди на властите да обезбедат најдобра можна медицинска нега на повредените.

Тој вети дека ќе бидат преземени мерки против одговорните за нападот. Поранешниот премиер Имран Кан го осуди бомбашкиот напад на Твитер, нарекувајќи го „терористички самоубиствен напад“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалипса во Дубаи по 160 литри дожд во еден ден (ВИДЕО)

Кан им изрази сочувство на семејствата на жртвите и рече дека е најважно да се подобри собирањето разузнавачки информации и соодветно да се опреми полициските сили за борба против растечката закана од тероризам.