Најлошиот сериски убиец во Русија: Убил 83 жени, сега сака да се бори во Украина

Сподели со своите пријатели

Руски сериски убиец кој отслужува две доживотни затворски казни за неговите брутални злосторства, изјави дека сака да биде ослободен од затвор за да им се придружи на силите на Владимир Путин кои се борат во Украина, пишува Newsweek.

Loading...

Михаил Попков (58) е поранешен полицаец кој во 2015 година беше осуден за сексуален напад и убиство на десетици жени помеѓу 1992 и 2010 година во Ангарск и Иркутск во Сибир и Владивосток на рускиот Далечен Исток.

Попков, кој беше осуден на две доживотни и девет години во три одделни судења, ги силувал повеќето од своите жртви пред да ги убие користејќи секири, ножеви, шрафцигери и други остри предмети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Во 2018 година, тој ги призна натамошните злосторства, со што вкупниот број на жртви се искачи на 78.

Иако признал, тој е осомничен за најмалку 83 убиства.

Во интервју за руската државна телевизија, Попков рече дека неговиот сон е да се приклучи на руската армија и да оди да се бори во Украина.

– Имајќи ја предвид мојата воена специјализација, мислам дека сега е многу барана – рече тој, иако призна дека ќе мора да научи нови вештини.

– Иако сум во затвор 10 години, мислам дека не би било толку тешко да научам нови вештини – додаде тој.

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.