Најинцестуозното семејство во САД: Родителите им се „двојни роднини“, едниот не зборува, туку лае

Сподели со своите пријатели

Семејството Витакер, познато како најинцестуозното семејство во САД, живее во селото соодветно именувано Odd (чудно), во сојузната држава Западна Вирџинија.

Loading...

– Целосно е надвор од контрола. Тие луѓе шетаат наоколу, нивните очи гледаат во спротивни насоки, лаат по нас, ‘ржат. Еден тип, само го гледаш во очи, или му кажуваш нешто, тој само почнува да вреска. Потоа бега, додека панталоните му паѓаат на колена – фотографот Марк Лаита, кој поминал извесно време со нив, сликовито го опишал животот на Витакер, пишува Дејли Мејл.

„Невообичаеното“ семејство првпат го запознал во 2004 година, за да ги посети во 2020 година и да сними краток документарен филм за нив.

Во моментот на снимањето на тој документарец, Витакер биле само тројца членови: Тими, Лорејн и Реј.

 

 

Со нив била и Бети, за која велат дека е „роднина“.

Loading...

Наводно, има уште неколку, се споменува уште една сестра, но Лаита не можел да потврди или демантира.

Тие самите не се баш сигурни како изгледа нивното семејно стебло, т.е. како некој од нив се поврзани по семејство.

Иако американските медиуми пишуваа дека нивните родители се брат и сестра, Лаита откри дека тие сепак се „двојни први братучеди“.

И британскиот таблоид Сан објаснува дека тоа значи дека ги делеле двете групи баби и дедовци.

– Генетските компликации предизвикале повеќе нарушувања во нивното однесување – вели Лаита.

Тој го фотографираше семејството во 2004 година и во текот на следната деценија ја доби нивната доверба. Иако на почетокот било исклучително тешко.

„Можеби е до јагленот“

– Во тоа време сакав да ги фотографирам за мојата книга „Создадени еднакви“, но соседите се однесуваат заштитнички кон нив. Ни се заканија со пушка. Тие не сакаат да се исмеваат. На крајот ми дозволија да ги фотографирам, а дел од фотографиите ги оставив на подарок – раскажува Лаита, кој започнал и кампања за собирање пари за семејството.

Преживеаните членови не го припишуваат својот хендикеп на инцестот. Оние кои знаат да зборуваат.

Loading...

 

 

Затоа што еден член од семејството комуницира исклучиво со лаење и ржење…

– Можеби тоа е поради ископ на јаглен – одговара Тими на прашањето за здравствените проблеми на семејството.

Тој е еден од ретките во семејството кој посетувал средно училиште.

Документарецот ги прикажува тешките услови во кои живее семејството.

Куќата е полна со ѓубре, имаат неколку домашни миленици, а поголемиот дел од времето го поминуваат на предниот трем…

Loading...

Конечно, инцестот е нелегален низ САД, но дефиницијата за инцест и што е казниво варира од држава до држава.