Награден фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците 2021“

Сподели со своите пријатели

Споделено знаење, кое е огранок на светската фондација Викимедија и кое се занимава со Википедија на македонски јазик и нејзините сестрински проекти, ќе одржи фотографски натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2021“. Поточно се работи за фотографии од градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија.

Loading...

Сликите откако ќе бидат закачени од самите учесници, тие слики потоа ќе бидат искористени на статии на Википедија, на останатите проекти на Викимедија, како и на други слободни проекти.

Овој натпревар ќе биде третото издание на “Вики ги сака спомениците’, по изданијата во 2014 и 2015 година. Учесниците ќе имаат можност да опфатат околу 700 градби ширум Македонија, кои се заведени како културно наследство.

Натпреварот е од награден карактер и наградите се:

Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра

Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра

Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра

Четврта награда за најмногу фотографирани градби – денарска противвредност од бруто 300 евра

Loading...

Повеќе информации на главната страница на натпреварот.