Над 800 кумановци во самоизолација, во октомври казнети 2.805 лица за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Вкупно 803 граѓани на Општина Куманово моментално имаат решение за самоизолација, информираат од Министерството за внатрешни работи за Кумановски Муабети.

Loading...

Како што стои во извештајот на полицијата, на подрачјето на СВР Куманово во моментов има 1.170 лица кои се со Решение за самоизолација, од кои најголем дел во Општина Куманово каде има вкупно 803 лица.

– Во Општина Старо Нагоричане 10 лица се наоѓаат во самоизолација и во Општина Липково 47 лица се  во  самоизолација. Во Општина Крива Паланка со Решение за  самоизолација има вкупно 197 лица, а во Општина  Кратово 113 лица, информираат од МВР.

Во текот на месец октомври, според статистиката на МВР, напишани биле вкупно 4.364 казни за неносење маска на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најмногу од казните се токму во Куманово, вкупно 2.805,  во Полициска станица Крива Паланка регистрирани се 1.102 и во ПС Кратово 457 казни за неносење маски.

Никола Ивановски

Leave a Reply