На украинската единица наредено да го напушти Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинската единица за извидување со дронови со седиште во Бахмут добила наредба да го напушти опколениот град на исток, изјави денеска нејзиниот командант Роберт Броди во видео објавено на Телеграм.

Loading...

„Во средината на ноќта, на единицата Мадиарска птица ѝ беше наредено веднаш да го напушти Бахмут и да се пресели на нова борбена локација“, рече Бровди, пренесе Си-Ен-Ен.

Руските сили напредуваа во Бахмут во последните денови по неколкумесечно интензивно гранатирање и борби наоколу, кој се наоѓа во североисточниот регион Доњецк и со месеци е цел на Москва.

„Ја извршуваме наредбата“, рече Бровди, додавајќи дека не знае зошто се преместува единицата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.