31.05.2019 13:08

На овој остров може да се пристигне по 9 дена пловење, има 62 жители, сите потомци на еден човек (ВИДЕО)


Замислете место на кое можете да стигнете единствено со брод и тоа по цели девет дена пловидба. Девет дена ништо околу вас, освен непрегледна количина вода. Тоа е единствениот начин луѓето кои сакаат да пристигнат до островот/градот Палмерстон, мал корален атол на Куковите острови на Пацификот.

На Палмерстон нема ниту една продавница, не постои маркет. За да преживеат, луѓето риболоват, собираат кокос, а во своето слободно време прават накит, играат одбојка или пливаат.

loading...

Сепак, на овој остров жителите имаат струја, па дури и интернет, но само неколку часа дневно.

Мистериозен остров на змии во Бразил (ВИДЕО)

Накои „среќници“ имаат и мобили телефони, а воведете е дури и сателитска телевизија. Меѓутоа, никој таму ништо не продава, парите се корситат само да да се купат работи од надворешниот свет.

На островот постојат само два тоалети, а наместо вода, жителите пијат дождовница.

Животот можеби делува идеално, особено во недела кога ќе се огласат црковните ѕвона и ќе ги повикаат луѓето на неделжна служба по која не е дозволено да се работи.

Која мистериозна сила ги намалува телата на островот Флорес?

loading...

Палмерстон се наоѓа на местото каде некогаш постоел вулкан. Атолот се формирал од неколку десетина пештерски корални острови кои заедно формираат прстен и корален гребен кој затвора дел од лагуната.

Авионите не можат да слетуваат, а хеликоптерите дури немаат домет за да дојдат до островот, што значи дека до него може да се дојде саму преку воден пат.

Од една страна, поради својата изолираност островот останува недопрен со загадувањето, од друга страна природата на островот може да предизвика одредени проблеми за жителите, дури и опасност. На пример, посета на заболекар може да трае со месеци, ви требаат неколку дена за да дојдете до него, но потоа и одредне период да најдете пат назад затоа што транспортот на Куковите острови е многу проблематичен.

Ова е најмладиот остров во светот, но на него скоро никој не може да стапне (ВИДЕО)

Куковите острови се наречени по Џејмс Кук, кому се препишува пронаоѓањето на истите. Откако биле откриени, на нив никој не живеел осум децении. Потоа еден ден Англичанецот Вилијам Марстерс кон средината на 19 век пристигнал до палмерстон. Во тоа време, Палмерстон бил во сопственост на британскиот трговец ЏОн Брандер, кој го именувал Вилијам за чувар на островот и му дозволил да одгледува и бере кокос на истиот.

Таму се преселил во 1863 година со својата жена, Полинезијка, и уште две нејзини роднини, кои потоа исто така ги оженил.

Два пати годишно голем брод носел храна и неопходни намирници на островот, во замена за тоа Вилијам давал кокосово масло. Потоа, посетите станале ретки, распонот меѓу нив подолг и на три години, за да на крајот целосно престанат.

Во писмото на Вилијам Марстерс датирано на 6 јануари 1888 година пишува дека повеќе никој не доаѓа.

loading...

Бродовите кои се нашле во близина на овој остров веднаш исчезнувале (ФОТО)

– Тука ме испрати господинот Џон Брандер со Тахитија за да за него правам кокосово масло. Првит ешст години, неговите ме посетуваат редовно, но подоцна ме оставија две или три години и воопшто не дојдоа, за да на крајот целосно престанат, стои во писмото, пренесува „BoredPanda“.

Кога Брандер починал, Вилијам од кралицата Викторија го добил островот. Пред тој да почине во 1899 година, го поделил островот на три дела, секој дел за една од неговите жени.

Голем број жители го напуштиле островот, а оние за оние кои останале инцестот не е непознат.

loading...

– Таткото на мојата жена и мојот татко се браќа. Не го знаев тоа, а кога дознавме веќе беше предоцна затоа што имавме деца, признал еднаш во медиумите градоначалникот на Палмерстон.

Затоа не изненадува фактот што голем број луѓе си заминуваат од островот, со оглед на тоа дека младите сакаат повеќе опции за брак и раѓање здрави деца.

Фото: Принтскрин Јутјуб/ COUCHSAILORS Sailing Videos


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments