Мистериозен остров на змии во Бразил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во близина на Сао Паоло се наоѓа остров без жители и каде постои само светилник од 19 век.

Loading...

Кејмада гранде, попознат како Змиски остров, е дом на една златна змија, една од најсмртоносните змии во светот, чиј отров има сила да го стопи човечкото месо.

Се проценува дека на овој остров има 4.000 такви змии. Обично се хранат со птици. Бразилската влада забрани посети на овој остров, дозвола имаат само биолози и научници со цел истражување и тоа еднаш во неколку години.

Се обиделе да ги истребат змиите со палење на целиот остров, меѓутоа идејата не дала резултати.

Исто така, активни се и ловците на златни змии, бидејќи нивната цена на црниот пазар достигнува и до 30.000 долари.

Имено, фармацевтската иднустрија верува дека отровот од овие смртоносни змии може да се користи при лекување на срцеви болести, крвни згрутчувања, па дури и како лек против ракот.

Легендата вели дека на островот се наоѓа закопано богатство на Сер Томас Кавендиш, познат англиски истражувач од 16 век. Тоа никогаш не било пронајдено, а се претпоставува дека го сокрил токму на овој остров.

Leave a Reply