На аеродромот во Истанбул запленет дијамант од 638.000 евра

Сподели со своите пријатели

Странец кој пристигнал на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул во Република Турција бил фатен во обид да прошверцува дијамант со пазарна вредност од околу десет милиони лири (638.000 евра).

Loading...

Во соопштението на полицијата во Истанбул се наведува дека екипите на аеродромот го запреле иранскиот државјанин С. М. А., кој допатувал од Обединетите Арапски Емирати, поради неговото сомнително однесување.

Багажот на сопатникот е однесен на контрола.За време на скенирањето, пронајден е дијамант тежок 365,8 грама, скриен во кутија за шампон.Се проценува дека дијамантот на пазарот вреди околу 638.000 евра.Осомничениот е приведен.

Турската полиција не соопштува повеќе детали за инцидентот.Истрагата продолжува.