МВР со детали за сообраќајката во Куманово со неколку повредени лица

Сподели со своите пријатели

На крстосницата од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и улицата “Б.Б.Гуцман“ во Куманово вчера околу 11 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Там“ со кумановски регистерски таблици, управувано од М.Р.(60) и патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблици, управувано од И.Ѓ.(28), двајцата од Куманово.

Loading...

Во незгодата, како што информираат од МВР, со повреди се здобиле возачот И.Ѓ. и двајца сопатници од двете возила С.С и С.Р. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Куманово.

Сепак, утринава во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи, од страна на Итната медицинска помош била доставена информација за четири повредени лица во сообраќајката, од кои едно потешко.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.

Leave a Reply