Четири лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11 часот во близина на локацијата Ловачки дом во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, со возила на Итната медицинска помош од местото на несреќата биле пренесени четири повредени лица, од кои едно лице со потешки телесни повреди било пренесено на скопските клиники, додека останатите биле задржани на Одделението за хирургија при Општа болница Куманово.

Повеќе детали во текот на денот.

Leave a Reply