МТВ: Дали е можно да се игра регуларно ако публиката скока на неколку сантиметри од теренот?

Сподели со своите пријатели

И покрај спорната победа на МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен,  вечерва од 19 часот, актуелниот шампион го пречекува Куманово во третиот дуел од финалето на кошаркарскиот плеј-оф.

Loading...

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде последен доколку домаќините забележат победа, во спротивно серијата продолжува во Куманово.

Од друга страна, во циклусот реакции, со свој коментар се јави и националниот сервис МТВ, потенцирајќи дека на нивната снимка се гледа како Симоновски ја исфрла топката пред да се запали црвената сигнализација на таблата.

Реакцијата на МТВ доаѓа откако спортскиот коментатор изјави дека бил вербално нападнат при коментирање на завршниот, и по многу што, спорен дел од натпреварот во Куманово.

”Тоа значи дека кошот е регуларен. Дали записничката маса навреме почнала да го мери времето е друго прашање и не е во ингеренции на МТВ. Кошаркарскиот клуб Куманово во денешното соопштение вели дека „победата им е украдена“  и дека „последните поени се неправилно признати како директна последица на сите грешки направени почнувајќи од човекот задолжен за мерење на времето, делегатот и на судиите кои немаа храброст и доблест да признаат дека е поминато времето за игра од 2,4 секунди“, се вели во соопштението.

Но во него не пишува, не се објаснуваат и не се споменуваат неколку други  аспекти. Играчки, зошто Куманово дозволи натпреварот да се решава во последните стотинки? Организациски, дали е можно да се игра регуларно ако публиката скока на неколку сантиметри од теренот и како, кога и дали воопшто коментаторот на Македонската телевизија може да има влијание на нечија судиска, делегатска, менаџерска, тренерска или која било друга одлука?

Тоа се исто така легитмни прашања! А каде се одговорите? Можеби во нашата претпоставка – МТВ премногу вложува во домашниот спорт. Можеби е време и ние да објавиме соопштение. И да донесеме одлука, се вели во реакцијата на МТВ објавена на официјалниот веб сајт.

Oд кумановскиот клуб најавуваат дека нема предавање и покрај тоа што досега ниту еден тим во историјата на македонската кошарка не се вратил по негатива од 2-0 во победи.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *