Москва: Руската армија е подготвена за нуклеарна контаминација

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги подготвило своите сили да дејствуваат во услови на нуклеарна контаминација, откако Москва ја обвини Украина дека планира да фрли „валкана бомба“, што Киев остро го демантираше.

Loading...

Првиот што изнесе тврдења за „валкана бомба“, конвенционална бомба со нуклеарен материјал околу јадрото, беше министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој на некои западни колеги во неделата им кажа дека Москва верува дека Киев се подготвува да активира таква бомба.

Шефот на руските единици за заштита од нуклеарни, биолошки и хемиски напади, поручник Игор Кирилов изјави дека целта на таквиот напад е да се обвини Русија за нуклеарна контаминација, пренесе Ројтерс.

„Украина сака да ја обвини Русија за нуклеарен тероризам. Целта на провокацијата би била да се прикаже Русија како некој што користи оружје за масовно уништување и потоа да започне масовна антируска кампања во светот, што ќе ја разниша довербата во Москва“, рече Кирилов.

Кирилов додаде дека одбранбениот план го дизајнирало Министерството за одбрана на Русија, со цел да се спротивстави на можните провокации на украинските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.