Москва предупредува: Односите со Америка може да се прекинат во секој момент

Сподели со своите пријатели

Руско-американските односи станаа крајно затегнати и постои ризик во секој момент да бидат прекинати – по вина на Вашингтон, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Loading...

„Поради тектонските геополитички промени кои ја менуваат рамнотежата на силите на светската сцена, Вашингтон опсесивно се фокусира на глобалното задржување на Москва и Пекинг, и на крајот на целото светско мнозинство кое не се согласува со светскиот поредок заснован на правила наметнат од Запад“, се наведува во соопштението по повод 90-годишнината од обновувањето на дипломатските односи меѓу Русија и САД.

Како што се наведува, тоа е главната причина за најдлабоката криза низ која сега минуваат односите меѓу двете земји.

„По вина на Вашингтон, кој се вооружи со неограничена русофобија, односите станаа крајно затегнати и ризикуваат да бидат прекинати во секој момент. Тоа не е избор на Русија, туку неодговорните дејствија на САД, кои ја влошуваат ситуацијата, вклучително и доктринално поставената задача да и се нанесе „стратешки пораз“ на Москва, може да доведат до катастрофални последици“, велат од руското Министерство.

Се нагласува дека главната причина за длабоката криза меѓу земјите е светогледот на американската политичка елита која ги презеде „уздите на власта“ во 1990-тите и 2000-тите, како и неспособноста на денешните политичари и експерти адекватно оцени ги процесите во Русија по 1991, пишува Спутник.

„Тие американски кругови покажуваат дека залудно и апсурдно се фокусирани на „промена на режимот“ и организирање немири во Русија, во кои се вложуваат значителни средства. Сепак, денешната годишнина е сепак повод да се потсетиме на позитивното историско искуство на нашите земји, кога соработката се градеше врз основа на почитување и взаемно вреднување на интересите. Овие принципи беа основа на договорот за обновување на дипломатските односи од 1933 година и тие се целосно релевантни во сегашната, невидено тешка ситуација“, заклучува руската страна.