Москва: Овие 4 земји не можат да бидат посредници во мировниот процес за Украина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Германија не можат да бараат улога на неутрални посредници во мировниот процес во Украина, бидејќи тие се вклучени во конфликтот со Русија, изјавија за РИА Новости од руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Во врска со предлогот на поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да се создаде контакт група за Украина со цел да се започне мировниот процес, руското МНР соопшти дека официјално не знаат ништо за оваа иницијатива.

Ишингер изрази мислење дека во таа група треба да бидат САД, Велика Британија, Франција и Германија, а од руското министерство велат дека неговата идеја отвора легитимни прашања, пред се затоа што „сите четири споменати земји се самите учесници во конфликтот со Русија, кој продолжува на територијата на Украина“.

Министерството за надворешни работи на Русија наведува дека овие земји ја снабдуваат Украина со оружје и испраќаат платеници таму, ги снабдуваат вооружените сили на Украина со разузнавачки информации и ги обучуваат украинските војници.

Покрај тоа, тие земји „воведоа санкции кон Русија, го блокираа нејзиниот имот во странство, побараа формирање на трибунал за да го казни нејзиното раководство и ги уценуваа нејзините пријатели да им забранат да соработуваат со Москва“, според руското министерство.

Овие земји ги поддржуваат псевдомировните иницијативи на Зеленски и крајните барања за капитулација на нашата земја, кои немаат допир со реалноста“, нагласуваат од руското МНР.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.