Москва бара норвешкиот конзул да ја напушти Русија

Сподели со своите пријатели

Денеска Русија побара норвешката дипломатка Елизабет Елинсен да ја напушти земјата поради давање „русофобични изјави“, по испадот кога рече дека ги мрази Русите во расправија на рецепција во хотел.

Loading...

„Потенцираме дека присуството на Елингсен на територијата на Русија е невозможно по она што се случи“, се вели во соопштението на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Норвешката амбасадорка Руне Ресаланд беше поканета во Министерството за надворешни работи во Москва, каде што доби „силен протест поради неприфатливото однесување на Елинсен во хотел во Мурманск на 6 јули, кога таа си дозволи русофобични и навредливи изјави“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди дека нивниот амбасадор во Москва е повикан на разговор и дека на Елингсен му е укината визата.

„За време на средбата, норвешкиот амбасадор го повтори извинувањето на Осло и рече дека зборовите што ги употребил соработникот не ја одразуваат норвешката политика и норвешките ставови кон Русија и Русите“, рече портпаролката на норвешкото министерство.

Таа рече дека норвешкиот конзул во моментов не е во Русија, без да соопшти други детали.

Минатата недела изби скандал, бидејќи на социјалните мрежи се рашири видео од надзорна камера од рецепција на хотел во Мурманск, каде Елизабет Елинсен беше конзул.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Таа на приемот рече: „Ги мразам Русите“. Дај ми друга соба, нема да мрдам од овде. И како да одлучите дека просторијата е чиста. Знаете, јас сум навикната на чисти соби, доаѓам од Скандинавија…“.

Loading...

Според Осло, норвешкиот генерален конзулат во Мурманск е привремено затворен од 1 јули поради „тешката“ ситуација во билатералните односи.

Русија и Западот минуваат низ период на тензии без преседан поради руската офанзива во Украина, која ги натера Европејците и Американците да воведат серија санкции кон Москва.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.