Момчето ја изневерувало и сега ѝ дава 250 евра неделно: „Ми плаќа се со надеж дека ќе се помириме“.

Сподели со своите пријатели

Нејзината приказна привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Loading...

Хејли Пирс (20) од Америка одлучи да му се одмазди на момчето што ја изневерило. Имено, Хејли била во среќна љубовна врска две години, а потоа еден ден пронашла пораки што тогашното момче ги разменувало со други девојки.

Хејли тогаш одлучи да ја прекине врската и го блокираше својот партнер на сите социјални мрежи, а таа не одговараше на неговите пораки и повици. Оваа девојка објави видеа на социјалната мрежа TikTok во кои детално ја раскажа целата приказна.

 

 

– Кога му реков дека е готово меѓу нас, тој полуде. Воопшто не ми беше жал за него. Тој повторно се обиде да ме изманипулира но јас не паднав на неговите лаги – рекла оваа девојка.

Меѓутоа, нејзиното поранешно момче не сакало така лесно да се откаже, па одлучил да и ги понуди сите пари што ги има.

Loading...

– Неколку дена по првиот повик, тој одлучи повторно да ми се јави. Тој рече дека ќе ми ги даде сите пари, само за да се согласам да го видам и да му дадам втора шанса – рекла таа.

 

 

Хејли одлучила да го условува и да побара 250 евра.

– Зошто да не ја искористам таа можност? Мојата понуда беше, 250 евра секој пат кога сака да ме види, и на мое изненадување, тој се согласи. Разговараме и се гледаме еднаш неделно, а тој ми носи или плаќа пари секој пат – објасни Хејли.

Корисниците на социјалната мрежа ја критикуваа и нагласија дека таквото однесување е погрешно и дека не е должен да плаќа.

– Искрено, моментално сум без вистински извор на приход и го користам поранешното момче за да ми купи храна. Тоа не е се,, пред неколку дена ме одведе во трговскиот центар и таму потроши уште 300 евра. Сега ми плаќа за секој оброк и се обидува да се помири со мене.

Loading...