МОК силно го осудува прекршувањето на Олимпиското примирје

Сподели со своите пријатели

МОК силно го осудува прекршувањето на Олимпиското примирје!

Loading...

„Меѓународниот олимписки комитет (МОК) остро го осудува кршењето на Олимпиското примирје од страна на Владата на Руската федерација. Соодветната резолуција на ОН беше усвоена од Генералното собрание на ОН на 2 декември 2021 година со консензус на сите 193 земји-членки на ОН.

Олимпиското примирје започна седум дена пред почетокот на Олимписките игри, на 4 февруари 2022 година, а завршува седум дена по затворањето на
Параолимписките игри.

Претседателот на МОК, Томас Бах, денеска го повтори својот повик за мир, кој го изрази во неговите говори на церемонијата на отворање и на затворањето на Олимписките игри.

На свеченото отворање, тој ги повика политичките власти: „Внимавајте на вашата посветеност на ова олимписко примирје. Дајте му шанса на мирот.”

На церемонијата на затворање тој побара од политичките лидери „да инспирираат” со “пример за солидарност и мир” поставени од олимписките спортисти.

По неодамнешните настани, МОК е длабоко загрижен за безбедноста на Олимписката заедница во Украина. Таа формираше работна група за
внимателно следење на ситуацијата и за координирање на хуманитарната помош за членовите на Олимписката заедница во Украина, секаде каде што е
тоа можно.