Младите во дискотеки и кафулиња ќе може да прават алкотестови

Сподели со своите пријатели

Шест дизајнирани летоци ќе се делат на младите на популарните места за излегување, во кафулиња и дискотеки, а ќе се прави и доброволно алкотестирање на истите локации, по кое симболично ќе се доделуваат црвен и зелен картон за возење во зависност од резултатите на алкотестот.

Loading...

Претсетдaтeлот на РСБСП Стојче Стаменковски информираше дека за потребите на новата кампања „Вози трезен, стигни жив“ се подоготвени шест различни дизајни  на летоци кои ќе се делат на популарни места за излегување на младите, во кафулиња и дискотеки.

“Подготвивме и плакати и налепници со истата содржина, а се планира и доброволно алкотестирање низ сите локации по кое тестирање симболично ќе добијат црвен или зелен картон за возење во зависност од резултатите на алкотестот“, рече Стаменковски.

Предвидено е кампањата да трае цело лето и да ја покрие целата популација на млади учесници во сообраќајот. За разлика од другите кампањи ова ќе биде теренска кампања преки која ќе се советуваат младите лица таму каде што најчесто ја прават грешката, таму каде што најчесто го конзумираат алкохолот.

Според анализите на РСБСП, во тек на летниот период голем број сообраќајни несреќи со трагични последици се предизвикани од млади возачи под дејство на алкохол. Во светски рамки над 30 проценти од сообраќајните несреќи со смртни последици во кои учествуваат млади возачи се случиле под дејство на алкохол.