Млад кумановец и бебе тешко повредени, откако автомобил паднал на пруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец и тримесечно бебе се здобиле со тешки телесни повреди, додека уште двајца жители на Неготино минале со лесни повреди, откако нивното возило излетало од патот и паднало на пруга, по што во нив удрил воз.

Loading...

– На 13.05.2020 во 19.05 часот на железничка пруга Градско-Велес, на околу два километри пред влез во Велес, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно изетало од патот и паднало на пругата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди.

Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.

Никола Ивановски

Leave a Reply