Митови за машкиот оргазам во кои треба да престанете да верувате

Сподели со своите пријатели

Стереотипите и митовите можат лесно да ве убедат дека она што тие го опишуваат е нормално и реално, особено кога станува збор за човечката сексуалност.

Loading...

Големината на пенисот, достигнување оргазам и лажен климакс се само дел од темите околу кои често се врзуваат секакви митови, па затоа понекогаш е потребно да се свртиме кон експерти и да ги добиеме вистинските информации, пишува Инсајдер.

Па, ајде да провериме некои од овие познати митови еден по еден.

 

 

  1. Големината на пенисот влијае на сексуалното задоволство

Идејата дека поголем пенис е подобар отсекогаш била присутна, но др. Јамин Брамбат вели дека должината и ширината на пенисот немаат ексклузивно влијание врз задоволството на сексуалните партнери.

Повеќето мажи се задоволни со своите гениталии, но порно индустријата може самите да ги натера оние нестабилни да се сомневаат.

Loading...

Тогаш Брамбат ги потсетува дека просечната должина на спуштениот пенис е 8,9 см, а во ерекција 13 см, а таа големина нема директно да влијае на задоволството за време на сексуалниот однос.

 

 

  1. Може да ја забрзате повторната ерекција по ејакулацијата со препаратите

Овие реклами се сеприсутни и тврдат дека постојат апчиња кои ќе ја забрзаат повторната ерекција откако мажот ќе ејакулира. Но, нема научни докази дека овие препарати, кои го намалуваат нивото на хормонот пролактин, навистина делуваат.

Исто така, експериментите спроведени врз глувци, кои имаат слично сексуално однесување како и луѓето, покажуваат дека пролактинот не е виновен за одложената ерекција по ејакулацијата.

 

Loading...

 

  1. Таканаречените „сини јајца“ можат да бидат смртоносни

„Сините јајца“ се формираат со вишок крв што останува во тестисите по неколку ерекции кои не резултираа со ејакулација. Овој феномен може да биде многу болен и непријатен, но не и смртоносен.

Брамбат вели дека нема лек за овој феномен освен, се разбира, ејакулацијата. Алтернативните методи вклучуваат ладни облоги на отечената област, избегнување на понатамошни ерекции и вежбање, но нема докази дека овие методи секогаш ќе бидат ефикасни.

 

 

  1. Мажите никогаш не лажираат оргазам

Кога мажот доживува оргазам, јасен доказ за тоа е ејакулација, но Брамбат тврди дека и мажите имаат начин да глумат оргазам.

„Мажите можат да ги лажираат сите индикатори на оргазам, освен ејакулација, а за недостаток на истите тие можат да обвинат некои лекови што ги земаат во моментов или медицински проблем“, рече тој.

Loading...

 

 

  1. Мажите не можат да доживеат повеќе оргазми истовремено

Некои жени може да доживеат последователни оргазми за време на сексот, но бидејќи повеќето мажи ејакулираат за време на врвот, имаат помали шанси да доживеат повеќе од еден оргазам за време на еден сексуален чин.

Но, тоа не значи дека е невозможно, тврди Џастин Лемилер од институтот Кинси.

Тоа зависи од тоа колку време му е потребно на мажот повторно да добие ерекција по ејакулацијата. Кај помладите мажи може да биде само неколку минути, а кај постарите дури и до неколку дена, но некои мажи можат да достигнат менопауза без ејакулација, така што ќе можат да доживеат повеќе оргазми по ред бидејќи во равенката нема време да се добие ерекција повторно по ејакулација.

Loading...

 

 

  1. Предвремена ејакулација е неизлечива

Честа појава што дури една третина од мажите ја доживеале во одреден момент од својот живот, но има лек.

Д-р Сет Коен, американски уролог, вели дека постојат спрејови и кондоми кои содржат состојки за веднаш да ја отепаат чувствителноста на пенисот за да ја одложат ејакулацијата.

Loading...

 

 

  1. Мажите мора да ејакулираат за да бидат задоволни

Потребата од ејакулација за време на сексот зависи од личните преференции, вели Брамбат.

„Запознав мажи задоволни и без ејакулација, тој класичен показател за сексуално задоволство“, рече тој.

Loading...

Leave a Reply