Мислел дека спасил напуштено кученце, се изненадил кога го донел дома (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Возејќи по јапонскиот автопат „Национална рута 275“, еден човек покрај патот видел напуштено кученце, па решил да застане и да се Погрижи за него.

Loading...

Кутрето го нарекол Луна, а сопствениците ги барал преку социјалните мрежи.

Но, кога на својот Твитер профил објавил фотографии од Луна, открил дека тоа воопшто не е куче.

Иако повеќето коментираа за слаткото младенче, само добрите познавачи на животните забележаа дека тоа не е куче. А нивните сомнежи ги потврди видео на кое Луна „лае“.

 

 

Иако многумина шпекулираа дека се работи за животински вид тануки, односно куче ракун, ветеринарот утврдил дека се работи за младенче лисица.

Loading...

Со оглед на тоа што во Јапонија е забрането да се има лисици за домашни миленици бидејќи тие се носители на опасни паразити, човекот го нашол совршеното место за младенче. Во градот Китами нашол фарма за лисици во која ќе живее малата Луна, бидејќи не можеле да ја пуштат да дивее бидејќи од два месеци не може да се грижи за себе, а за жал ја изгубила мајка си.