Мисијата на МААЕ пристигна во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигна во средата во украинскиот град Запорожје, од каде се упатува кон нуклеарната централа која е под руска окупација.

Loading...

Мисијата на МААЕ, на чело со шефот на организацијата Рафаел Гроси, има намера да изврши увид во централата на електраната во Запорожје, откако областа беше гранатирана неколку пати минатиот месец, додека двете страни меѓусебно се обвинуваат за нападите, пренесува Ројтерс.

Електраната Запорожје е најголема во Европа, а се наоѓа на линијата на фронтот меѓу руските и украинските сили и во регион кој во неколку наврати беше гранатиран во последните денови.

Гроси рече дека инспекторите планираат да поминат „неколку дена“ во електраната и потоа ќе поднесат извештај.

Електраната е под окупација на руските војници од март, а Украина ја обвинува Русија дека испратила стотици војници и складира муниција.

Украина првично се плашеше дека посетата на МААЕ на Запорожје ќе ја легитимира руската окупација на објектот, пред конечно да ја поддржи идејата за испраќање на мисијата.

Украина инсистираше мисијата да патува од територијата под контрола на Украина, што значи дека инспекторите ќе мора да ја поминат линијата на фронтот со безбедносни гаранции од двете страни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...