Милиони животи се загрозени во Украина со доаѓањето на зимата и ниските температури

Сподели со своите пријатели

Животите на милиони луѓе ќе бидат загрозени во Украина оваа зима, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена, а десет милиони луѓе во моментов се без електрична енергија, изјави др. Ханс-Анри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, пренесува АП.

Се предвидува пад на температурите во некои области и до -20 степени целзиусови.

СЗО има документирано 703 напади врз здравствената инфраструктура од почетокот на руската инвазија.

Минатата недела Русија погоди повеќе енергетски инсталации и цивилни згради во едно од најтешките воздушни бомбардирања во војната.

Ова е тактика што Русија неодамна ја користи во Украина по неколку неуспеси на бојното поле, а нејзиното влијание почнува се посилно да се чувствува како што се наближува зимата.

– Едноставно кажано, оваа зима ќе биде за опстанок – изјави др. Клуге на прес-конференција во главниот град на Украина, Киев.

Тој предупреди дека украинскиот здравствен систем се соочува со најтемните денови од војната досега, а најдобро решение е да се стави крај на конфликтот, додаде тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.