Миле Јанакиески поднесе неотповиклива оставка

Сподели со своите пријатели

Јанакиески си поднесе оставка од функцијата министер за транспорт и врски.

Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.

Loading...

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Седницата за избор на новите членови на Владата е закажана за утре во 13 часот.

Во прилог Ви даваме фотографии од писмото на Јанакиески до Никола Груевски

jjjjjj2


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *