„Мета“ и „Епл“ разговарале за партнерство во областа на вештачката интелигенција

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „Мета“ води дискусии за интегрирање на својот генерички модел на вештачка интелигенција (ВИ) во системот за вештачка интелигенција на новиот модел на паметни телефони на компанијата „Епл“, објави „Волстрит џурнал“.

Loading...

Весникот, повикувајќи се на добро упатени извори, наведува дека дискусиите не се завршени и дека не е сигурно дека ќе бидат успешни.

Овој месец „Apple“ воведе функции за вештачка интелигенција во модифициран софтвер за паметни телефони кои ќе имаат чет бот „ChatGPT“ интегриран во самите уреди, објави „Reuters“.