Местото од каде започна сѐ: Во Вуахн денес коронавирусот е само лошо минато (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вухан некогаш беше симбол на пандемијата на коронавирусот, но оттогаш животот во голема мерка се врати во нормала во овој кинески град со 11 милиони жители, кој бележи скоро 19 милиони посетители.

Loading...

На изненадување на многумина, Вухан – каде коронавирусот САРС-КоВ-2 за прв пат се појави во декември минатата година – беше најпосетуваниот град во Кина за време на Националната златна недела, прослава што трае од 1 до 7 октомври.

Според податоците на Министерството за култура и туризам на провинцијата Хубеи, градот имал скоро 19 милиони посетители.

 

 

За тоа време, остатокот од светот беше погоден од вториот бран на Ковид19, кој во некои земји зарази повеќе луѓе отколку првиот.

Но, од другата страна на светот, во овој „херојски град“, како што го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг, вирусот изгледа како непријатна и особено далечна меморија, ако им се верува на официјалните податоци.

Loading...

Кинеската влада тврди дека нема ниту еден регистриран случај на коронавирус во Вухан, но разни организации и експерти сметаат дека оваа изјава мора да се земе со некои резерви.

 

Leave a Reply