Место во Италија кое нуди и бесплатно сместување

Сподели со своите пријатели

Туризмот е загрозен дури и кога станува збор за најпопуларните туристички дестинации, како што се Париз, Рим, Њујорк… да не зборуваме за помали места.

Loading...

Поради новата ситуација, предизвикана од коронавирусот, различни места се обидуваат да привлечат туристи на различни начини. На пример, прекрасното италијанско село Сан Џовани сега на туристите им нуди бесплатно сместување.

Како ќе изгледа карантинот за туристите кои ќе се заразат во Грција?

Гостите можат да останат до седум ноќи бесплатно во една од празните куќи во селата, на ова место кое се наоѓа на околу 65 километри од крајбрежјето, и двочасовно возење од Рим.

„Иселувањето од провинцијата Молисе трае веќе две децении, во центарот на селото има куќи што со години се празни. Овие села се убави, но пусти, нема сместување за туристите, затоа мислевме: зошто да не ги оживееме нашите историски села додека истовремено, ги охрабруваме туристите да нè посетат во овие тешки времиња, кога туризмот е под најголем ризик?“, вели Енко Луонго, локален активист кој го започна целиот овој проект.

Понудата за туристи важи од 4 јули до 3 октомври, а меѓу понудените можности е и четирисобна вила, каде можете да останете најмногу една недела.

Шест земји во кои летово ќе може да се оди на одмор

Туристите кои сакаат на овој начин да дојдат во Сан Џовани, мора да пополнат формулар, во кој опишуваат зошто сакаат да дојдат.

Loading...

Понудени се 40 објекти, а веќе се регистрирани 600 луѓе!

Патем, „Њујорк Тајмс“ претходно го прогласи регионот Молисе за една од 52-те дестинации што треба да ги посетите во 2020 година.

Leave a Reply