Како ќе изгледа карантинот за туристите кои ќе се заразат во Грција?

Сподели со своите пријатели

Грчката влада издаде нови, задолжителни упатства за хотелите низ целата земја во врска со можните случаи на Ковид-19.

Loading...

Сега од сите хотели се бара да обезбедат „безбедни простории“, односно изолациони области за потврдени случаи, во кои клиничката состојба на пациентот е таква што не му е потребна болничка помош.

Отворено едно од најлуксузните летувалишта во Италија

Властите велат дека ова привремено решение, кое наскоро ќе биде заменето со создавање мрежа на „карантински“ хотели, што ќе овозможат безбедно продолжување на обновата на грчкиот туризам.

Во упатствата е утврдено дека за сите сместувачки места до 10 соби потребно е да се создаде една карантинска просторија, за сместување до 50 соби се потребни две карантински простории, а сместувањата со повеќе од 50 соби мора да имаат карантински соби дури 3% од сместувачкиот капацитет.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис рече дека континуираното продолжување на грчкиот туризам е нивниот најголем приоритет.

20 пати помалку туристи во Будва во споредба со минатата година

„Денес е направен важен чекор за зајакнување на чувството за безбедност. Сепак, треба да се направат уште работи. Ние се приближуваме до целта секој ден“, рече тој.

Loading...

Leave a Reply