Шест земји во кои летово ќе може да се оди на одмор

Сподели со своите пријатели

Нешто што со нетрпение го чекаме кога официјално ќе пристигне потопло време и границите со соседните земји повторно ќе станат оперативни.

Loading...

На почетокот срамежливо проверувавме кои европски земји се подготвени за сезоната на пролет и лето, сега полека, но сигурно го правиме тоа повнимателно.

Египет ги ублажува мерките: Меѓународни летови од први јули

Сè уште не сме се осмелиле да направиме поконкретни планови, но може да се сонува. И, секако – да се надеваме.

На списокот на земји кои полека но сигурно се враќаат во нормала кога станува збор за туризмот, има земји кои се најмногу погодени од коронавирусот, што нè изненади од една страна, а од друга навистина ни дава надеж дека можеби ќе започнеме со планирање барем летување во Грција.

Еве список на земји и датуми од кога влегувањето на нивната територија ќе биде достапно за посетителите од странство:

Повеќето Грци ги сметаат туристите за закана

  1. Италија

La dolce vita може да продолжи таму каде што застана пред неколку месеци, уште на 3 јуни, затоа што од овој датум туристите не само што ќе можат да влезат и да ја напуштат Италија без никакви проблеми, туку нема да биде потребно да останат во карантин во Италија.

Loading...
  1. Исланд

Оваа земја одлучи да им овозможи на странските посетители можност да изберат – да бидат тестирани по влегувањето во земјата или да бидат во карантин две недели. Што ќе биде изводливо од 15 јуни, иако сè уште не е официјално.

Се враќа животот во Грција: Еден од најубавите острови преполн со туристи (ВИДЕО)

  1. Грција

Грција ги отвора своите врати пред меѓународните посетители од 15 јуни (денеска). Нема да има потреба од тест за коронавирус, ниту за карантин – објасни Киријакос Мицотакис, премиер на Грција. Од тој датум ќе се отвори аеродромот во Атина, а од 1 јули сите други во оваа земја.

  1. Португалија

Португалија веќе полека започна со отворање хотели, барови, ноќни клубови и ресторани, а меѓународните летови сега се воспоставуваат редовно.

Само десетина земји во светот ги отвораат границите за туристи

При слетување на аеродромот, постои контролен пункт кој изведува здравствен тест на одреден начин, но карантинот не е неопходен. Плажите се отвораат од 6 јуни, а растојанието помеѓу капачите е 1,5 метри.

  1. Шпанија

Втората најпосетена земја во светот по Франција, строгите мерки на однесување и движење за време на вонредната состојба започнаа да се сведуваат на минимум на почетокот на мај, додека меѓународните посетители ќе имаат можност да влезат во Шпанија во јуни.

Засега, дводневниот карантин е на сила за сите оние кои влегуваат во земјава, но од 1 јули ќе биде укината и таа мерка.

Loading...

Грција ќе го плати сместувањето на туристи кои ќе заболат од коронавирус

  1. Кипар

Редовните летови за Кипар ќе бидат воспоставени по 9 јуни, а се уште се расправа дали тие што ќе влезат во земјата ќе треба да прават тест за ковид-19 или ќе треба да одат во карантин две недели.

Сакате да патувате летово? Ова се мерките за безбедност на ЕУ!

Leave a Reply