Месец и половина ни трага ни глас од 60-годишната Стојанка, која исчезна по пожарот во Челопек

Сподели со своите пријатели

Од прва жртва во пожарот до лице на листата за потраги на Министерството за внатрешни работи. Вака на кратко изгледа судбината на 60-годишната Стојанка од кумановското село Челопек, за која медиумите на 4ти август јавија дека е веројатно смртно страдана во пожарот кој го зафати нејзиното село.

Loading...

Но, по скоро месец и половина од Стојанка нема ни трага, ни глас.

Телото на Стојанка не беше пронајдено во куќата што изгоре, а која беше нејзин дом кој го делеше со својот вонбрачен сопруг, две децении постариот Борис Димковски.

 

 

Во среда попладне тој топол августски ден кога избувна пожарот, самиот дедо Борис рече дека кога избувнал огнот тој излегол да го спаси тракторот, но за миг пламените јазици станале големи и тој повеќе не можел да се врати по Стојанка, која во страв и паника се заклучила во куќата.

Официјално Стојанка сѐ уште се води како исчезната, а од Министерството за внатрешни работи велат дека предметот е во рацете на Основното јавно обвинителство, од каде пак велат дека истрагата е во тек.

Loading...

– Министерството за внатрешни работи, по насоки на јавен обвинител,  презема дејствија за пронаоѓање на жителката на селото Челопек. Воедно, се расчистуваат причините за пожарот. По пристигнување на соодветен поднесок, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности, стои во краткиот одговор кој ОЈО го испрати на прашањата на Кумановски Муабети.

Сепак на официјалната веб страница на Министерството за внатрешни работи во одделот каде стојат податоци за лица кои се изчеснати, нема никакви информации за оваа шеесетгодишна жена, ниту пак има нејзина фотографија.

 

 

Како воопшто дојде до поќарот во Челопек?

Пожарот во атарот на селото Челопек дошол ненадејно според мештаните на оваа рурална средина во општината Старо Нагоричане.

Додека екипите на Територијалната противпожарна единица го ставаа под конторла шумскиот пожар на потегот меѓу селата Дренок и Жељувино, избувнал овој во Челопек. Малку е веројатно дека тамошниот пожар се префрлил во Челопек, бидејќи не можат никако да се поврзат двете села оти се физички многу одалечени едно од друго.

Loading...

Огнот во Челопек избувнал во попладневните часови, додека жителите одмарале во своите домови поради високите температури и кога забележале дека во селото гори немало време да се спасат многу работи. Претежно ниската вегетација и сува трева за брзо време пеплосале две куќи, меѓу кои и онаа на Борис и Стојанка.

Никола Ивановски