28.02.2018 08:50

Меј: Да се спречи продажбата и експлоатирањето луѓе преку интернет


Интернет компаниите треба да направат повеќе за да го спречат модерното ропство, односно продажбата и експлоатирањето луѓе преку интернет, изјави британската премиерка Тереза Меј, во момент кога Велика Британија планира да ги зајакне напорите во борбата против трговците со луѓе кои работат онлајн.

– Интернетските компании не смеат да стојат на страна додека нивните платформи се користат за олеснување во злоупотребата на деца и модерното ропство, изјави Меј пред денешниот состанок на работната група против ропството.

Британската премиерка укажа дека веб компаниите можат и би требало да направат повеќе за да спречат материјалот поврзан со трговија со луѓе да се појави на нивните платформи.

Британската работна група против ропство – во која членуваат министри, полициски функционери и шефови на разузнавачките служби – користи нови технологии и анализи на податоци за да утврди кои тактики ги користат трговците со луѓе и дa открие жртви на ропство, соопшти британската Влада.

Сексуалното експлоатирање е околу половина од сите случаи на модерно ропство во Велика Британија, при што криминалците рекламираат многу жртви на интернет страници за возрасни, стои во соопштението од Кабинетот на премиерката Меј.

Од Велика Британија и САД, па до Индија и Филипините, се поголем број луѓе стануваат жртви на онлајн трговија, често преку социјални мрежи и рекламни Интернет страници, као што е Бекпејџ (backpage.com), наведуваат борците против ропството.

Велика Британија важи за лидер во глобалните напори за борба против ропство, а во 2015 година усвои Закон за модерно ропство./МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments