Медведев со навреди за Украина, предложи ново име за државата

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во последната изјава ја навреди Украина предлагајќи ново име за оваа земја.

Loading...

Тој предложи Украина да се преименува по озлогласениот нацистички соработник Степан Бандера.

Неговиот предлог дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ рече на неговата влада да го разгледа предлогот за промена на името на Русија.

Во петокот Зеленски предложи Русија да се преименува во Московија, а на тој предлог одговори и Медведев.

„Нашиот одговор?… Само Швајниш Бандера Рајх“, напиша Медведев на Телеграм. Зборот „Schweinisch“ на германски значи „свинско месо“, пренесува RT.

Степан Бандера бил еден од водачите на украинското национално движење во западна Украина, водач на контроверзната Организација на украинските националисти за време на Втората светска војна, пишува загрепскиот N1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пушилин: Украинците треба да бидат потиснати најмалку 500 километри од границата

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.