Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека ништо не може да се исклучи и дека, доколку е потребно, руската армија може да стигне до Киев или Лавов, град во западна Украина.
„Ништо не е исклучено. Ако треба да стигнете до Киев, тогаш треба да одите во Киев, ако треба да стигнете до Лавов, тогаш треба да одите во Лавов за да ја уништите оваа инфекција“, рече Медведев во интервју за руските медиуми.
Тој додаде дека е неопходно да се протераат, како што наведе, „сите странци во најширока смисла на зборот од руските земји“ и да се создаде „санитарна зона“ која не дозволува употреба на оружје со среден и краток дострел, пренесува Алјазира.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.