Медведев: Референдумот заврши, добредојдовте дома во Русија

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Херсон се сосема очигледни и им посака добредојде на жителите од овие региони во Русија.

Loading...

„Референдумите завршија. Резултатите се јасни. Добредојдовте дома, во Русија“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Според последните податоци по пребројувањето на сите гласови, припојувањето на Херсон кон Русија го поддржале 87,05 отсто од гласачите, објави изборната комисија.

Изборната комисија на Луганската народна република по пребројувањето на сите гласови соопшти дека 98,42 отсто го поддржале приклучувањето кон Русија.

Во регионот Запорожје, 93,11 отсто од граѓаните го поддржале приклучувањето кон Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц се врати од Украина, па го фрли во очај целиот западен свет

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.