Медицинските списанија предупредуваат на нуклеарна закана

Сподели со своите пријатели

Околу 100 медицински списанија во светот, меѓу кои и престижни, денеска упатија апел за елиминација на нуклеарното оружје, со оценка дека нуклеарната закана „се зголемува“.

Loading...

Според Франс прес, апелот е испратен по тенко прикриените закани на рускиот претседател Владимир Путин за можна употреба на нуклеарно оружје во Украина, нови севернокорејски ракетни тестови и блокирање на иницијативите за неширење нуклеарно оружје.

„Опасноста е сериозна и расте“, напишаа уредниците на 11 водечки медицински списанија, вклучувајќи ги BMJ, Lancet, JAMA и New England Journal of Medicine.

„Земјите кои поседуваат нуклеарно оружје мора да го отстранат својот нуклеарен арсенал пред да не уништат нас“, се вели во текстот, пренесува Бета-Франс прес.

Во недела ќе се одбележат 68 години од американскиот нуклеарен напад врз Хирошима, прв таков напад во историјата на човештвото.