Маж од Бразил убил жена и ѝ ги отстранил срцето и другите органи

Сподели со своите пријатели

Марсело Нистарда Антонијаси (49) и неговата сопруга Милена Дантас Берета Нистарда (53) од Бразил биле  во брак 29 години.

Loading...

Заедно имале син и ќерка која Марсело ја имал од претходната врска.

Иако однадвор се изгледало идилично, Милена со години го трпела малтретирањето на нејзиниот сопруг.

Антонијаси често со денови не ѝ дозволувал да излезе од станот и ја терал на секс против нејзина волја.

Откако децата неодамна го напуштиле домот на нивните родители, малтретирањето се засилило.

Милена не можела повеќе да издржи и откако на мобилен открила дека сопругот ја следи, решила да го пријави во полиција.

Таа во четвртокот наутро побарала заштита од полицијата.

Четири часа по пријавата, Антонијаси со својот автомобил удрил во фасадата на зградата.

Loading...

Тој влетал во зградата и ја избодел жената со нож и ѝ ги извадил срцето и другите органи.

После тоа пристигнала полиција. Пронашле човек облеан во крв.

Тој се уште имал нож во раката и побарал од полицијата да го убие.

Полицијата преговарала со него и го убедила да се предаде. Го привеле.

Жената ќе биде погребана следната недела откако ќе завршат со обдукцијата, пишува Билд.