Матичните гинеколози транспортабилните родилки да ги препраќаат во Скопје

Сподели со своите пријатели

Кумановската општа болница упати соопштение до сите матични лекари – гинеколози да ги испраќаат транспортабилните родилки во Скопје.

Loading...

– Сите пациентки кои се транспортибилни да се препратат со сопствено возило директно до болницата Чаир или УГАК, со претходна најава во истите. За оваа состојба е запознаено Министерството за здравство на Република Северна Македонија, стои во соопштението објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

Како што појаснуваат ваквата состојба ќе трае во следните седум до десет дена, временски период за кој се очекува нормализирање на состојбата.

Во меѓувреме на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, рече дека кумановската болница е целосно функционална.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply