Масло од канабис од понеделник во аптеките ќе се продава по мегаломански цени

Сподели со своите пријатели

Од понеделник строго по рецепт и со препорака од специјалист ќе се продаваат два производи со масло од канабис во македонските аптеки, откако пратениците дадоа зелено светло за легализација на медицинската марихуана.

Станува збор за два нови производи „Канобил Канц“ 300мг THC+ 300 мг CBD од 120 ml и „Канобил Канц“ 600мг THC+ 600 мг CBD од 240 ml. Препаратите се строго наменети за лица со малигни заболувања и содржат контролирана концентрација од компонентите  ТХЦ (тетрахидроканабинол) и & ЦБД (канабидиол ).

Но, не секој заболен ќе може да си приушти ваков лек, поради високите цени кои ќе бидат исти во сите аптеки.

Малопродажната цена на „Канобил Канц“ 300мг THC+ 300 мг CBD од 120 ml ќе изнесува 5.544 денари, додека на „Канобил Канц“ 600мг THC+ 600 мг CBD од 240 ml ќе чини 9.240 денари.

Компанијата „Реплек фарм“ наскоро најавува и уште два нови производи со канабис кои ќе бидат достапни на македонскиот пазар.

фото: Е-магазин

 

Loading...