Маслиновото масло го чува срцето, го лечи црниот дроб и го забавува стареењето

Сподели со своите пријатели

Маслиновото масло би требало да стане составен дел на исхраната бидејќи може да се користи речиси за сите јадења и салати.

Loading...

Ако имате повеќе од 50 години, последен момент е да почнете да го употребувате, особено ако имате хипертензија, ангина пекторис, лоша циркулација, зголемен холестерол и маснотии во крвта, мрсен црн дроб.

Или, ако сакате да живеете подолго, а побавно да стареете. Студиите покажаа дека заболените од кардиоваскуларни болести за третина умираат помалку доколку преминат на исхрана со маслиново масло.

Маслиновото масло може да го користите и за правење на вкусен премаз за сендвичи или како прелив за риба и пилешко (Во блендер измиксирајте исчистени маслинки, маслиново масло, малку бел лук и сезонски зеленчук по желба. Мерките одредете ги во зависност од количината на риба или пилешкото). А ако повеќе сакате маслинки, послужете ги со аперитив, сирење или добро црно вино, или исечкајте ги и додадете во салата од туна или пилешко.