Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Липково – Матејче

Сподели со своите пријатели

Малолетник е тешко повреден по сообраќајна незгода која викендов се случила на регионалниот патен правец меѓу селата Липково и Матејче.

Loading...

– На 07.08.2021 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат село Липково-село Матејче, општина Липково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, управувано од Ј.С.(57) од с.Отља, општина Липково и мотоцикл „геели ЈЛ 150“, управуван од малолетник од село Липково, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply