Малолетник претепан кај Спомен Костурница

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово викендов бил физички нападнат кај Спомен Костурницата од две лица кои претходно ги познавал.

Loading...

– На 04.02.2023 во 21.30 часот во СВР Куманово, Е.С.(36) од Куманово пријавила дека околу 20.30 часот кај Спомен Костурницата нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две лица кои ги познавал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски