Малолетници од Куманово натепале врсник на влез од основно училиште

Сподели со своите пријатели

Родител на малолетник од Куманово пријавил дека неговиот син бил физички нападнат од врсници на влез од основно училиште.

– На 17.04.2026 во 23:45 часот во СВР Куманово, Г.Р.(39) од Куманово пријавил дека пред влез на Основно општинско училиште во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Раскопан гроб во манастирот во Карпино, оштетена плоча која е културно наследство (ВИДЕО)