Раскопан гроб во манастирот во Карпино, оштетена плоча која е културно наследство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Надгробна плоча која претставува културно наследство била оштетена во дворот на манастирот Карпино во Општина Старо Нагоричане.

Како што информираат од здружението кое се грижи за заштита на овој манастирски комплекс несовесни лица го освкернавиле споменикот при што не е нанесена само материјална, туку е нанесен напад врз духовното и културното наследство.

Случајот го потврдија и од полицијата.

– На 20.04.2026 во 18:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека во двор на црква во с.Карпино, општина Старо Нагоричане, било извршено раскопување на гроб со назнака како културно наследство, при што била искршена и извадена плочата од местото, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каратистите на „Мусаши“ од Куманово со две бронзи на Државното првенство (ФОТО)

Оттаму додаваат дека е извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Никола Ивановски