Малезија распиша општи избори

Сподели со своите пријатели

Општите избори во Малезија ќе се одржат на 19 ноември, соопшти денеска изборната комисија на земјата.

Loading...

Според направените анализи, се очекува владејачката партија Обединета Малејска Национална Организација (УМНО) да ја врати власта бидејќи, како што покажуваат анализите, опозициските партии се во конфликт, а се очекува помал одѕив на гласачите поради општата апатија на гласачите и тековната сезона на монсуните, пренесува Ројтерс.

„Кандидатите за пратеници ќе треба да ги поднесат своите номинации до 5 ноември“, рече претседателот на Изборната комисија Абдул Гани Салех на прес-конференција.

Кампањата ќе трае две недели.

Околу 21 милион Малезијци имаат право да гласаат за Долниот дом на Парламентот со 222 места.

Партијата или коалицијата што ќе добие просто мнозинство ќе ја формира следната влада.

Актуелниот премиер на Малезија, Исмаил Сабри Јакоб, кој беше повторно номиниран за премиер од УМНО, го распушти Парламентот на 10 октомври.

Малезија има тројца премиери од последните избори во 2018 година.

Loading...