Макрон: Вашингтон треба да преговара за украинското прашање

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Вашингтон да преговара со цел да се стави крај на украинската криза.

Loading...

„Потребно е САД да седнат на преговарачка маса за да помогнат во напредокот на мировниот процес во Украина“, изјави Макрон за новинарите по посетата на Ватикан.

Нагласувајќи го односот на доверба меѓу поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и американскиот претседател Џозеф Бајден, Макрон изјави дека Папата може да влијае на Бајден со цел Вашингтон да продолжи да работи на решавање на кризите на Хаити и Украина.

Макрон побара од папата да испрати покана до Бајден, рускиот претседател Владимир Путин и патријархот на Москва и на цела Русија Кирил да помогнат во постигнувањето мир во Украина.

Ватикан соопшти дека вчерашната средба меѓу Макрон и Папата траела 55 минути, но не е соопштено на кои теми разговарале.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.