Макрон денеска разговара со Путин

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во соопштението од Елисејската палата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ен-Клер Лежандре, претходно изјави за BFM TV дека Макрон планира денеска повторно да разговара со Путин по телефон, додава ТАСС.

 

Русија ги протерува амбасадорите на балтичките земји

 

Лежандре изјави дека Макрон очекува да разговара со Путин за деталите од планираната хуманитарна операција, чија цел е да се евакуираат цивилите од Мариупол, со помош на Грција и Турција.

Таа потсети дека Макрон имал долг разговор со Путин.

Лежандре додаде дека Франција има намера да ја одржи комуникацијата со Русија.

Loading...

 

Русија ги протерува амбасадорите на балтичките земји

 

Запрашана да ја коментира најавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за плановите на Москва да воведе визен режим како одмазда за земјите означени како „непријателски“, Лежандре рече дека сите земји-членки на ЕУ се на списокот на „непријателски земји“.

„Во овој момент не знаеме каков пристап всушност ќе преземе Русија. Тоа би можело да се покаже како една од одмаздничките мерки што Русија ги објави претходно“, рече Лежандре.

 

Русија ги протерува амбасадорите на балтичките земји

 

Loading...

Макрон на 7 февруари ја посети Москва каде разговараше со Путин, а следниот ден го посети и Киев.

Путин и Макрон од средбата во Москва редовно разговараат по телефон.

Претходниот пат двајцата лидери разговараа по телефон на 22 март.