МААЕ: Руските трупи го напуштија Чернобил, контролата ја префрлија на украинскиот персонал

Сподели со своите пријатели

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Украина потврдила дека руските војници го напуштиле Чернобил и „ја префрлиле контролата на нуклеарната централа на украинскиот персонал“.

Loading...

Според Би-Би-Си утринава, персоналот во фабриката изјавил дека на локацијата повеќе нема „аутсајдери“, иако МААЕ претходно соопшти дека не може да го потврди тоа.

 

Руските војници примиле радијација во Чернобил, пребегнаа во Белорусија

 

Украински Енергоатом објави дека руските сили ја напуштаат нуклеарната централа и дека се упатуваат кон границата меѓу Украина и Белорусија.

Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил на почетокот на инвазијата на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме